Порталот Пари, во соработка со платформата за бонитетни информации, БизнисМрежа.мк, петта година по ред ви ја претставува листата 100 Најголеми. Проектот 100 Најголеми содржи три категории – најголеми компании по приходи, по добивка и по број на вработени.
Нашата цел низ овој проект е да ја претставиме економската моќ на стопанството, да ги доближиме најмоќните компании во земјава поблиску до нашите читатели, да ги презентираме успесите на деловниот амбиент.
Ви напоменуваме дека предмет на рангирањето на 100 најголеми се компаниите што се трговски друштва во приватна сопственост. Ранг-листата не вклучува правни лица, банки, осигурителни компании, државни институции, компании во државна сопственост и останати правни лица кои не се регистрирани согласно со Законот за трговски друштва. Во прилог листа на 100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА за 2023 година
ПАРИ ЕКСКЛУЗИВНО: НАД 76 МИЛИОНИ ЕВРА Е ЛАНСКАТА НАЈГОЛЕМА ДОБИВКА во државава
Редакција Пари