ПОВЕЌЕ

    Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда.

    Комерцијална банка, која традиционално е спонзор на овој турнир организиран од Здружението Мандра, го даде својот придонес и со учество на Синдикалната организација со своја екипа, која го заврши настапот со освоен пехар за Фер плеј екипа.

    Спортот, дружењето и хуманоста беа вредности што го красеа ликот и делото на Тоше Проески. Во негова чест и во контекст на својата општествено одговорна мисија, Комерцијална банка останува посветена на поддршка на вредностите кои значат подобро и похумано општество.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично