ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка известува за предвремена исплата на пензиите од 27-ми јули 2021 година

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка ги известува своите ценети клиенти пензионери,  дека почнувајќи од 27-ми јули 2021 година ТТК Банка АД Скопје ќе врши исплата на пензијата за месец јули на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

    Oд 27.7.2021 г. (вторник) корисниците на Visa дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје или во трговската мрежа.

    За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:

    • до 11.000 денари на 27.7.2021 г. (вторник)
    • од 11.001 до 14.000 денари на 28.7.2021 г. (среда)
    • од 14.001 до 18.000 денари на 29.7.2021 г. (четврток)
    • над 18.000 денари на 30.7.2021 г. (петок)

    Со цел заштита на здравјето, апелираме средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа, преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.

    При неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, потсетуваме дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично