ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка известува за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка ги известува своите ценети клиенти дека од 5.4.2021 година (понеделник) ТТК Банка АД Скопје ќе започне со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични права) за месец март 2021 година за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната денарска сметка во Банката.

    Корисниците на Visa дебитните картички ќе можат да располагаат со средствата од 5.4.2021 г. (понеделник), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

    За корисниците кои немаат дебитни картички, исплатата ќе се врши во согласност со утврдениот распоред, по азбучен редослед според првата буква од презимето и тоа:

    • 5-ти април (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
    • 6-ти април (вторник) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

    Од банкатата препорачуваат средствата да ги користите првенствено со безготовински плаќањa во трговската мрежа, со плаќања преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, или да ги подигнувате без провизија со дебитните картички преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

    Корисниците кои имаат бесконтактни Visa дебитни картички на ТТК Банка АД Скопје можат да ги користат средствата со безготовинско плаќање без внесување ПИН за износи до 4.500 денари.

    Во случај на неопходна посета на  филијалите и експозитурите на Банката задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете, посочуваат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично