ПОВЕЌЕ

    Топли оброци за бездомни лица подготвени од крводарителите од Комерцијална банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Крводарителите на Комерцијална банка повторно во акција – овој пат донираа месо и зеленчук и подготвија 134 топли оброци за бездомни лица.

    Во соработка со Ретвитни оброк-програмата, Здружението на крводарители „Капка за живот“ од Комерцијална банка, ја организираше оваа акција за  да ја покаже повторно својата благородна мисија. Дел од храната потребна за спремање на оброците беше донирана и од Црвениот крст на Општинска организација Центар.

    За приготвување на оброците се погрижија 11 крводарители – вработени во Комерцијална банка.

    Крводарителите од Комерцијална банка се пријатели и поддржувачи на Ретвитни оброк програмата подолго време, но секогаш се подготвени со нова акција и позитивна енергија да дадат нов придонес за олеснување на животот на бездомните лица.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично