ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка а.д. Битола од денес ќе започне со исплата на мајските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    Пензионерите, кои ја примаат пензијата преку Стопанска банка а.д. Битола со истата ќе може да располагаат преку мрежата на банкомати почнувајќи од 27.05.2020 година (среда).

    Готовинската исплата на пензиите, во насока на целосна заштита на здравјето на клиентите и вработените ќе се спроведува во сите отворени експозитури на Банката, во 4 групи согласно следниот распоред составен според висината на пензијатa:

     1. До 11.000 денари 27.05.2020г. (среда)

    2. 11.001-14.000 денари 28.05.2020г. (четврток)

    3. 14.001-18.000 денари 29.05.2020г. (петок)

    4. Над 18.001 денари 01.06.2020г. (понеделник)

    ️Стопанска банка а.д. Битола замолува за строго почитување на распоредот за подигнување на пензиите и во случај на посета на експозитурите придржување до сите препораки и мерки за заштита. Држете соодветно растојание при посетата и следете ги насоките кои ќе ви бидат дадени.

    ️Истовремено, за сите оние кои користат картички, Банката апелира на тоа широката мрежа на банкомати на Стопанска банка а.д. Битола да се искористи за подигнување на пензиите со цел посетите на експозитурите да се сведат на минимум.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично