ПОВЕЌЕ

    Профитот на американските банки изнесува 57,4 милијарди долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Профитот на американските банки се намали за 4,5 милијарди долари на 57,4 милијарди долари во третиот квартал од 2019 година, бидејќи „вонредните настани“ во три големи финансиски институции го успорија растот на тој сектор, објави Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC).

    Тоа е за 7,3 проценти помал профит во однос на истиот квартал минатата година, пренесува Reuters.

    Од FDIC, порачуваат дека 62 проценти од банките пријавиле пораст на годишната добивка, додека само четири проценти од банките биле непрофитабилни.

    Сепак, приходите од камати се зголемиле за 1,2 проценти во однос на истиот период минатата година, што е најспоро темпо на раст од крајот на 2014 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично