ПОВЕЌЕ

    Оптимизмот во поглед на договорот меѓу Кина и САД го поттикна растот на берзите

    Време зa читање: 2 минути

    Акциите на Wall Street вчера генерално беа во плус, откако Кина објави дека се договорила со САД за постепено укинување на меѓусебните тарифи ако напредуваат преговорите.

    Поширокиот S&P 500 е на пат оваа недела да регистрира втор ден на рекордни вредности, додека Dow Jones и Nasdaq се на пат да соборат рекорди трет ден по ред.

    Поширокиот S&P 500 денес порасна за 0,6 проценти, индустрискиот Dow Jones за 202 поени или 0,7 проценти на 27.691 поени, а технолошкиот Nasdaq за 0,7 проценти, пренесува AП.

    Акциите на технолошките компании го водеа патот до добивките на пазарот, а пораснаа и акциите на банките во услови на голем скок на приносите на 10-годишните американски хартии од вредност.

    Берзите во Европа и Азија исто така пораснаа.

    Европскиот индекс Euro Stoxx 50 порасна за 0,43 проценти, лондонскиот FTSE 100 за 0,12 проценти, германскиот DAX за 0,76 проценти, францускиот CAC за 0,34 проценти, а шпанскиот IBEX за 0,46 проценти, пренесува њујоршката агенција Bloomberg.

    Во Азија, јапонскиот индекс Nikkei 225 се зголеми за 0,11 проценти, а хонкошкиот Hang Seng за 0,57 проценти.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично