ПОВЕЌЕ

    Меѓународната агенција Fitch Rating уште еднаш ја потврди стабилноста и сигурноста на ПроКредит Банка

    Време зa читање: 2 минути

    Една од најголемите независни светски рејтинг агенции, Fitch Ratings, и оваа година ја оцени ПроКредит Банка со највисок можен инвестициски рејтинг во земјата. Тоа е потврда дека работењето на ПроКредит Банка е стабилно, а анализираните ризици се соодветно менаџирани и се на ниско ниво.

    ПроКредит Банка е првата и единствена банка во земјата која на годишна основа е оценувана од меѓународната кредитна агенција Fitch Ratings, уште од 2005 година. Високо-квалитетното кредитно портфолио, сo неколку пати пониска стапка на нефункционални кредити од стапката на банкарскиот сектор во земјата, соодветната ликвидност , како и воспоставените добри практики во работењето ѝ го донесоа позитивниот „БББ-“ рејтинг.

    Рејтинг агенциите, како Fitch Group, им помагаат на компаниите и физичките лица да се информираат за финансиската стабилност на банките со цел да донесат цврсти финансиски одлуки. Овие рејтинзи користат важни критериуми за проценка на кредитната вредност на компанијата и вклучуваат детална анализа на целосното оперативно работење и организација на институциите.

    Уште од самите почетоци во работењето, ПроКредит Банка се позиционираше како банка која работи според принципот ‘одговорно банкарство’, што подразбира соодветна проценка на ризикот, особено во сегментот на кредитирање, со фокус на безбедноста и долгорочниот бизнис модел, а не на краткорочни профити. Според Fitch Ratings, стабилноста на кредитниот рејтинг на ПроКредит Банките произлегува токму од овие уникатни практики и корпоративна култура.

    Од ПроКредит истакнаа дека клиентите веќе одамна знааат да го препознаат високиот квалитет на услуга и ја гледаат како сигурен партнер во бизнисот, но и во работењето со физичките лица, особено во сегментот на штедење, каде ПроКредит важи за банка од прв избор на нашиот пазар.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично