ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка со нова бесплатна дигитална услуга – електронско потпишување договори на правни лица

    Време зa читање: 2 минути

    Електронско потпишување договори на правни лица без надомест овозможи Комерцијална банка. Со оваа нова дигитална услуга клиентите на Комерцијална банка можат без посета на банката, односно од кое било место, брзо и едноставно да ги потпишат потребните договори за користење разни производи и услуги.

    Опсегот на договори кои ќе може да се потпишуваат преку платформата постојано се зголемува, а наскоро ќе биде овозможено и потпишување на други документи. За користење на оваа можност, застапниците на правните лица единствено треба да поседуваат валиден квалификуван дигитален сертификат и да се пријават за услугата. Електронски потпишаните договори ќе постојат исклучиво во електронска форма. Дадената согласност за електронско потпишување документи не ја исклучува можноста за потпишување документи и во хартиена форма во случај кога клиентите сметаат дека тоа е посоодветно.

    Имајќи ја предвид предноста и ефикасноста на дигиталните услуги, како и врвната безбедност на електронските платформи што ја нуди Комерцијална банка, веруваме дека новата услуга ќе биде од голема корист и на задоволство на нашите клиенти.

    Повеќе информации за услугата се достапни на следниот линк:  https://kb.mk/digitalno-potpishuvanje-dogovori.nspx

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично