ПОВЕЌЕ

    ГРАЃАНСКАТА ОБВРЗНИЦА МОЖЕ ДА СЕ КУПИ ВО СИТЕ филијали и експозитури на Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка граѓаните може да ја купат граѓанската обврзница што ја издаде Министерството за финансии. Со тоа банката во палетата финансиски услуги за граѓаните додаде уште една услуга, која значи ефикасно и едноставно завршена работа.

    Согласно Проспектот на Министерството за финансии, овој нов државен финансиски инструмент ќе биде достапен за купување до 12 јули 2023 година, до крајот на работниот ден.

    За да учествуваат на аукција за граѓанската обврзница, граѓаните треба да потпишат барање, што ќе го добијат на шалтерите на Комерцијална банка и да го уплатат предвидениот паричен износ преку својата платежна сметка.

    Граѓанската обврзница е финансиски инструмент со рочност на две години, кој е гарантиран од државата и има купонска каматна стапка од 5 %, која се исплаќа секоја година на вложениот износ, а по истекот на рокот се враќа и вложената главнина.

    Сите податоци за мрежата на експозитурите и филијалите на Комерцијална банка, каде граѓаните можат да се обратат за повеќе информации, се достапни на нашата веб страница.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично