ПОВЕЌЕ

    Бесими: Со буџетски 225 милиони евра годинава ќе се амортизира енергетската криза

    Време зa читање: 2 минути

    Во државната каса се предвидени 225 милиони евра, со кои годинава ќе им се обезбеди поддршка на граѓаните и на стопанството за справување со енергетската криза. Дел од нив се наменети за ЕСМ. Освен тоа, од Европската унија за таа намена е доделен грант од 84 милиони евра, посочи министерот за финансии, Фатмир Бесими, говорејќи за годинешните планови и можности за намалување на влијанијата од енергетската криза.

    Според министерот, ефектите од дадената помош се гледаат во сметките за електрична енергија што ги добиваат граѓаните, каде што е наведено колкава е субвенцијата што ја добиваат, бидејќи тоа се нивни пари кои доаѓаат од даноците што ги плаќаат.

    Граѓаните треба да знаат каде се трошат нивните пари, а политика на Владата е да ја даде субвенцијата“, вели Бесими.

    Воедно, министерот за финансии упати на податокот дека во минатата грејна сезона, Владата преку субвенции кон АД ЕСМ и фискалните импликации од намаленото ДДВ, ги поддржа граѓаните и фирмите со вкупно 400 милиони еврa за справување со енергетската криза.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично