ПОВЕЌЕ

    “АЏИБАДЕМ СИСТИНА” дел од вториот годишен симпозиум на друштво на Кардиолошки сестри

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во организација на Здружението на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – ЗА НАС се одржа вториот годишен симпозиум на Друштвото на кардиолошки сестри на тема „Нови професионални перспективи во кардиологијата“.

    На овој симпозиум како претставник од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ зеде учество Маја Атанасовска, специјалист по интензивна нега. Нејзиното стручно предавање на тема “Рашкинд-процедура” беше претставено пред стотици медицински сестри од државава.

    „На овој симпозиум ја претставив ‘Рашкинд- процедурата’, која е многу ретка, но премногу значајна процедура со која се спасуваат животи и воедно се олеснува понатамошниот третман на лекување на пациентите”, изјави Атанасовска.

    Оваа техника на создавање атријален септален дефект (ASD) се изведува во ангиографска сала во специјални услови за работа, со специјално дизајнирани материјали, во услови на минимално рендген зрачење.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично