ПОВЕЌЕ

    Петте членови на Управниот одбор на Алкалоид се стекнаа со нови акции во компанијата

    Време зa читање: 3 минути

    Алкалоид АД Скопје преку Македонска Берза информираше дека петте членови на Управниот одбор се стекнале со нови акции во компанијата.

     

    Живко Мукаетов, Претседател на Управен Одбор и Генерален директор на Алкалоид АД Скопје, се стекна со 250 обични акции издадени од Алкалоид АД Скопје.

    Милкица Глигорова  член на Управен Одбор на Алкалоид АД Скопје, , се стекна со 250 обични акции издадени од Алкалоид АД Скопје.

    Виктор Стојчевски член на Управен Одбор на Алкалоид АД Скопје, се стекна со 500 обични акции издадени од Алкалоид АД Скопје.

    Ќире Ицев член на Управен Одбор на Алкалоид АД Скопје , се стекна со 500 обични акции издадени од Алкалоид АД Скопје.

    Ѓорѓи Јованов член на Управен Одбор на Алкалоид АД Скопје, се стекна со 250 обични акции издадени од Алкалоид АД Скопје.

    Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидни акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – декември 2019 година се движеше од 8.200,00 денари до 11.901,00 денари или просечно 9.508,11 денари за една акција што претставува раст од 18% во споредба со просечната цена во истиот период од 2018 година. Пазарната капитализација на компанијата во 2019 година надмина 17 милијарди денари.

    Од почетокот на 2020 година, заклучно со 11.3.2020 година, истргувани се вкупно 27.175 акции на Алкалоид АД Скопје. За истиот период, цената на акцијата забележува пораст за 2,53%.

    Вкупниот промет изразен во денари изнесува 348.994.543 или во евра 5.674,708.

    Количински, најмногу акции се истргувани на 06.03.2020 година, или количина од 4.657 акции со просечна цена од 13.086,30 денари. Оваа година, заклучно со 11.3.2020 година, три пати се истргувани акции во количина над 1.000 акции во еден ден.

    На 26.02.2020 се истргувани 2745 акции со просечна цена од 12.600,92 денари, а на 05.03.2020 година се истргувани 1183 акции со просечна цена од 13.033,43 денари по акција.

    Последен ден за тргување со акциите на Алкалоид со право на дивиденда е 21 Април 2020 година.

     

    Доколку сакате да дознаете колкава дивиденда ќе исплати Алкалоид кликнете тука

    За да дознаете како се одвиваше консолидираната продажба на Алкалоид по региони, во 2019 кликнете тука

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично