Долговите на американците достигнаа над 14 трилиони долари

Датум на објава: 12.02.2020

Време зa читање: 2 минути

Долговите на Американците во четвртото тромесечје од 2019 година пораснале за 193 милијарда долари (1.4 отсто повеќе од 2018 година) до вкупна сума од 14,150 милијарди долари (14,15 трилиони), се дознава од материјалите објавени синоќа од Федералната резервна банка на Њујорк.

 

Оваа сума е за 1,500 милијарди долари повеќе отколку во третото тримесечје 2008 година за време на финансиската криза. Се дознава дека долговите на Американците растат веќе 22 тримесечја по ред, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Најголем дел од вкупната сума, или 9,560 милијарди, се долгови за хипотека, кои во споредба со четвртото тромесечја на 2018 година пораснале за 433 милијарди. По неа следува задолженоста за високо образованиe (студентски кредити) која е во висина од 1,510 милијарди, притоа повеќе од 100 милијарди долари од оваа сума ја должат луѓе постари од 60 години.

Прочитајте и ...  Раст на депозитите и на кредитната поддршка и во текот на август

Кредитите за автомобили и кредитни карти пораснала за 57 милијарди долари до 1,330 милијарди и 930 милијарди соодветно.

Како што наведува „Блумберг“ вкупниот обем на долгови на лицата од 18 до 29 годишна возраст пораснал до рекордни 1,040 милијарди долари.

Се дознава дека сумата на неизмирени долгови од кредитни карти непрекинато расте од 2016 година. Според економистите на банката, голем дел од неизмирените долгови на Американците до 30 годишна возраст се долгови од студенстки кредити.


Тагови: Долгови, Федералната резервна банка на Њујорк,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: