ПОВЕЌЕ

    Продажба во “Ексик”​ времиња…

    Време зa читање: 4 минути

    Прво за насловот…

    Има една одлична книга за продажба “Продажба во тешки времиња” од Том Хопкинс, која додека ја читав, тогаш девојката, сега свршеница, а за две недели треба да ми стане жена, ама очигледно ќе почека за таа чест, освен ако магично денес-утре на сварат вакцина за вирусов, ми поставуваше прашања од типот – “Ама како тоа тешки времиња, супер е сега” , а јас како што ме створил космосов, се сакам да објаснам, полн со ентузијазам и оптимизам ,па и елаборирав дека најбитно во животот е подготвеноста и дека книгава ќе ме спреми за сите предизвици во продажбата, дали е тоа време кога купувачите нема да сакаат да купуваат, природни непогоди, атомски бомби, 5G дека ќе не убие (сарказам),крај на светот сценарија и слично и еве… “Lord behold”, не невозможно време, ЕКСИК време. Зошто ексик, искрено до пред некое време не ми беше познат зборот, но свршеницата моја често го кориси зборот во нервозни ситуации – по потеко од Охрид е, претпоставувам таму зборот им е ко добро утро, затоа го изгуглав и испадна дека е турцизам кој значи или “нецелосно” , “фалично” “неисполнетост” или “фрустрација”…Последниов збор ако приближно го опишува архаизмот тогаш сум го погодил насловот.

    Да се вратам на насловот, дали сум јас спремен за продажба во ЕКСИК времиња…Колку се излажав? Колку не сум спремен за ова? Дали некој е?Јас сигурно не сум. In comes Ryan Holiday, со сета своја мудрост…

    И сега…

    Моменталната ситуација е ЕКСИК ситуација за секој продавач, од причина што сите ние, продавачите сме екстровертни личности, кои не знаеме што значи поимот социјалнална одвоеност-дистанца, ние сме бре луѓе кои се храниме од интеракција, комуникација, состаноци, помагање на клиенти , во мојот случај и водење на тим од луѓе да си ги остварат своите цели, а со тоа и јас да можам мирно да спијам , знаејќи дека се сме направиле се денот, за доброто на сите.

    Доаѓа вирусов, од кај дојде ***%$#@, ама тука е и сега повеќе од се треба стоички пристап кон ситуацијава , прво за животот, па потоа и во мојот микро-космос за продажбата. Вирусот е тука и јас не можам ништо да направам што е во моја моќ тоа да го сменам, надвор од препораките на стручните лица. Да се заштитам себеси, околината и сите околу себе.

    За продажбата …

    Мој совет, бидете искрени, давајте конкретни информации и помагајте им на клиентите, не им продавајте. Ми поставуваат прашања од типот “ама Горан, кој сега ќе сака да купи, никој на тоа не мисли и сл” , јас комплетно се согласувам со исказот, но не значи дека сега е време на откажување. Во секоја ситуција или наоѓаш пречка или наоѓаш можност. Од тебе зависи и од твојот став. Ако како продавач решиш дека сега е ‘ЕКСИК” за продажба, веројатно си во право. Ама не очекувај некоја позитивна промена.

    Ако одлучиш дека сега е време можеби телефонски да се запознаеш со интерсни карактери-идни клиенти, кои се дома во карантин како тебе, сериозно загрижени за иднината и го размислуваат ској чекор претпазливо, не продавај, пошто факт, најверојатно и нема да продадеш, во моментов си тука за нив само за да ги ислушаш, можеби да им дадеш корисен совет, можеби само и да се запознаеш, а ако од тоа излезе продажба, win-win за двајцата.

    Автор на колумната Горан Божиновски

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично