Скоро половина милион бизниси и фирми во Кина банкротирале во првиот квартал од оваа година.
Вкупно 460.000 компании, од кои 26.000 извозно ориентирани, банкротирале или изгубиле лиценца во 2020 година во Кина, како резултат на последиците од пандемијата на коронавирусот.
Повеќе од половина биле релативно нови компании кои постоеле три години или помалку.
Во исто време, бројот на новорегистрирани компании е помал за 29% во однос на истиот период минатата година.
Извор: Бизнис инфо