ПОВЕЌЕ

    КУПУВАЈ СО ПОПУСТ ВО ПОВЕЌЕ ОД 300 ПРОДАЖНИ МЕСТА – ШПАРКАСЕ БАНКА ЈА ЛАНСИРА ПЛАТФОРМАТА „ШПАРКАСЕ КРУГ“

    Време зa читање: 2 минути

    Шпаркасе Банка АД Скопје ја претставува „Шпаркасе круг“ – новата платформа за партнерства и лојалност што на своите клиенти им носи поголема вредност во секојдневието. Преку ексклузивни попусти, специјални понуди, подароци и дополнителни бенефиции кај повеќе од 300 внимателно избрани партнер-трговци, клиентите можат да уживаат во многубројни поволности при плаќање со која било дебитна или кредитна картичка издадена од Шпаркасе Банка.

    Со „Шпаркасе круг“, Банката создава заедница во која клиентите добиваат пристап до поволности што го прават секојдневното купување попаметно, поисплатливо и попријатно.

    Платформата е наменета за сите корисници на платежни картички на Шпаркасе Банка и е дизајнирана како едноставен и лесно применлив концепт што нуди конкретни придобивки при секојдневното плаќање со картичка. Продажните места во рамките на платформата „Шпаркасе круг“ се поделени во 12 категории, со цел олеснет и структуриран пристап на корисниците од различни возрасти и животни стилови и избор на нивниот соодветен бенефит и поволност.

    „Програмата за лојалност ‘Шпаркасе круг’ е концепт што ги поврзува клиентите, партнерите и Банката во заедница каде што сите добиваат повеќе вредност. Нашата цел е на клиентите да им понудиме реални и корисни придобивки, кои ќе бидат дел од нивното секојдневие и ќе го направат секое плаќање уште поисплатливо“, изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

    Во рамките на платформата, клиентите ќе можат да уживаат во:

    • ексклузивни попусти во повеќе од 300 продажни места;
    • специјални пакет-понуди и привилегии;
    • подароци и дополнителни поволности;
    • пристап до уникатни понуди достапни само за корисниците на картичките на Шпаркасе Банка.

    Во наредниот период, „Шпаркасе круг“ ќе продолжи да се развива со нови партнери, категории и бенефиции, збогатувајќи го искуството на клиентите и потврдувајќи ја посветеноста на Банката кон создавање современи, практични и вредни решенија.

    Повеќе информации за партнерите и за актуелните поволности се достапни на „Шпаркасе круг“, во Сервисниот центар на 02 15 050 или во најблиската експозитура на Банката.

    Шпаркасе Круг. Влези во кругот на попусти и поволности на Шпаркасе Банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично