Земјава ќе ја зајакне одржливоста на јавните финансии, ќе ја подобри конкурентноста на пазарот и ќе го намали регулаторното оптоварување со цел продлабочување на интеграцијата со европските и глобалните пазари, преку поддршка од заем во вредност од 125 милиони евра одобрен денес од страна на Бордот на извршни директори на Светска банка.
Заемот за развојни политики за јавни финансии и конкурентност ја поддржува Владата во реформи за подобрување на управувањето и транспаретноста на јавните финансии и поефикасна јавна потрошувачка, особено потрошувачката за социјална заштита, истовремено правејќи го даночниот систем подеднаков за сите. Заемот поддржува реформи во енергетиката преку либерализација на енергетскот сектор и зајакнување на обновливите извори. Исто така, ја подобрува јавните набавки преку зголемување на пристапот на понудувачите од приватниот сектор на јавни тендери и зајакнување на пазарната конкурентност, како и преку воведување на инспекции базирани на ризици кои ќе го намалат времето кое компаниите го поминуваат во работа со инспекциите.
„Фискалната конкурентност е од витално значење за поддршка во долгорочниот раст, особено во тековното ранливо надворешно опкружување“, вели Линда Ван Гелдер, регионален директор за Западен Балкан. „Постепената фискална консолидација и реформите во конкурентноста поддржани преку оваа операција имаат за цел да ја зајакната вантрешната и надворешна доверба, заштитат од надворешни шокови и да го забрзаат долгорочниот раст“.
Заем за развојни политики е инструмент на Светската банка кој ги поддржува политиките и институционалните активности во земјата кои промовираат раст и одржливо намалување на сиромаштијата.
Некои активности превземени од Владата во рамките на оваа програма ги вклучуваат и:
– Дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и Законот за задолжителни придонеси за социјално осигурување со цел воведување на променето индексирање на пензиите, усогласување на пресметковните стапки и воведување повисока стапка на придонес за пензија за подобрување на фискалната и социјалната одржливост на пензискиот систем со повеќе столбови;
– Донесување на Законот за социјална заштита и дополнување на Законот за детска заштита за консолидирање на придобивките од социјалната заштита, проширување на опфатот на сиромашните и нивна заштита од енергетска сиромаштија, истовремено одржувајќи добро таргетирање преку воведување на програма за минимална гарантирана помош;
– Донесување на Закон за енергетика за либерализација на производството на електрична енергија, отварање на пазарот за снабдување со електрична енергија за сите потрошувачи и воведување механизам за поддршка врз основа на конкурентност за производство на обновлива енергија;
– Донесување на Закон за инспекциски надзор за воведување: (а) инспекции базирани на ризици; (б) одредба за инспекторите да издаваат предупредувања; и (в) грејс период за деловните субјекти да ги корегираат евентуалните прекршоци.
„Подобрување на споделениот просперитет и намалување на сиромаштијата на фискално одржлив начин беше уште една цел на оваа операција, вели Сања Маџаревиќ Шујстер, виш економист во Светска банка. „Кога реформите поврзани со социјална помош, пензиите и даноците ќе бидат целосно имплементирани, стапката на сиромаштија треба да се намали за повеќе од 5 процентни поени, а исто така би требала да се намали и нееднаквоста“.
Средствата се (доделени) во една транша на Заем за развојни политики во износ од 125,000 000 евра, со рок на доспевање од 12 години, вклучително 4 години грејс период. Каматната стапка е EURIBOR плус 0,50 процентни поени.
Од првиот заем во 1993 година, Групацијата Светска банка инвестирала повеќе од 2 милијарди долари во Северна Македонија, спроведувајќи 66 проекти во енергетика, патишта, земјоделство, здравство, образование, социјална политика, иновации и вештини. ИФЦ, членка на Групацијата Светска банка насочена кон приватниот сектор, поддржала подобрувања во инвестициската клима и обезбедила околу 400 милиони долари ивестиции во 19 проекти во финансискиот сектор, енергетиката, телекомуникации, фармацевтски сектор, текстил, малопродажба, производство и автомобилската индустрија.