ПОВЕЌЕ

    ЗДРУЖЕНИ ФИРМИ ОД МАКЕДОНИЈА, БУГАРИЈА И ОД КОСОВО ДОБИЛЕ ДОГОВОР да се грижат за нашите патишта

    Време зa читање: 2 минути

    Јавното претпријатие за државни патишта на 6 септември склучило договор со компании кои се обврзале дека ќе учествуваат во поправката и рехабилитацијата на нашите патишта. Според договореното, за нашите патишта ќе се грижат компании од Македонија, но и од Бугарија и од Косово.

    Договорите се рамковни, што значи дека износите не мора да се исцрпат, но, секако, јавното претпријатие има некаков план што ќе прави, а има простор и за некои непланирани работи на патиштата што би можеле да се случат. За 18 месеци склучени се две рамковни спогодби од по 23 милиони евра.

    Избрани се две компании, „Илинден“ и „Ескватори МК“ ДООЕЛ , како носители на договорите, но и тие се здружени со други компании. Во самиот тендер е наведено дека рамковната спогодба ќе се склучи со повеќе економски оператори – со повторно прибирање на понуди.

    „Илинден“ од Струга во тендерот настапува заедно со „Жикол“ од Струмица и со „Еуровиа“ од Желино. „Ескаватори МК“ е здружен со „Хидрострој“ од Софија и со „Ескаватори“ од Косово.

    ЧИТАЈТЕ И: ЗА ЗИМСКИОТ МРАЗ Е РЕЗЕРВИРАНА СОЛ ВО ВРЕДНОСТ ОД 3,4 МИЛИОНИ ЕВРА, ДОБАВУВАЧОТ СО „СОЛЕНИ“ ПРОФИТИ

    Лектор: Христина Ангелеска

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично