ПОВЕЌЕ

    ПЛАТИ ОД „ЦРКАВИЦА“ ДО СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, а сите фирми со големи приходи

    Време зa читање: 5 минути

    Платите секогаш не ја пратат судбината на компанијата. Од 100 најголеми компании по приход во државава во 2025 година, во 38 се делеле плати под националниот просек кој лани беше 45.198 денари, покажува анализата на Пари во соработка со Бизнис мрежа.

    Распонот на просечните плати во овие комании се движи од 21.187 денари во СИНОХИДРО КОРПОРЕЈШН ЛИМИТЕД Пекинг – Подружница Скопје до 244.474 денари во претпријатието за инженеринг, проектирање, изградба и услуги ЕНЕРГОГРОУП ДОО БЕЛГРАД, Република Србија – Подружница Скопје.

    Податоците јасно покажуваат дека нема некои јасни правила на игра кога е во прашање „делењето на пари“. Често компании со големи приходи, па и добивки даваат ниски плати.

    КИНЕЗИТЕ НАЈГОЛЕМИ ЦИЦИИ

    СИНОХИДРО е добро позната компанија за македонската јавност, затоа што таа е кинескиот изведувач на автопатот Кичево-Охрид. Со приход од 82,5 милиони евра, таа се наоѓа на 53-тата позиција на 100 најголеми компании по приход. Не и е за потценување ни добивката – лани остварила профит од 81 милион евра. Просечниот број на вработени минатат година и бил 380, а просечната нето-плата 21.187 денари!

    Втора, по ниски плати е фирмата што се занимава со трговија и производство на тутун СЕКЕ ДООЕЛ Прилеп. На листата по висина на приход е на 83-то место во државава. Направила приход од 53,3 милиони евра, добивка од 1,1 милион евра, има 443 вработени и просекот на платите е 27.333 денари.

    Трговецот на големо АБРА УНЛИМИТЕД ДООЕЛ експорт-импорт од гостиварско Долна Бањица, лани поделил просечна нето плата од 28.249 денари. Но, овде имаме специфична ситуација. Има само еден вработен! Со 96,3 милиони евра приход, оваа компанија е на 41-та позиција во државата. Ланската добивка пак, и била 108.000 евра.

    ГЕМАК – ТРАДЕ е долгогодишен узвозник и дистрибутер на познати светски пијалоци и цигари. Лани, во оваа компанија просечната нето-плата била 29.940 денари. Команијата е на 87 место по приход кој изнесувал 53,6 милиони евра, обезбедувајќи добивка од 360.000 евра. Во Гемак има 163 вработени.

    На петото место со најниски плати меѓу 100-те компании со најголеми приходи е продавачот на бензин ЦРНА РЕКА ПЕТРОЛ ДООЕЛ од Кавадарци. Направил промет од речиси 51 милион евра и се позиционирал на 92 место. Компанијата лани имала  добивка од 608.000 евра, 190 вработени и просечна нето-плата од 30.207 денари. Така, ова е првата компанија која го пробива прагот од 30.000 денари. Односно, Црна река и сите други фирми во ова друштво на компании со најголеми приходи, лани дале просечна нето-плата над 30.000 денари.

    Извор: Бизнис мрежа

    НА КОГО МУ ПАДНАЛА СЕКИРАТА ВО МЕД?

    Има комапнии кои двале и по стотици илјади денари плата. Секако, покрај приходите и добивката, врз платите влијаела и обрзовната структура на кадарот. Највисоката просечна нето плата од 244.477 денари е во скопската подружница на српската компанија ЕНЕРГОГРОУП која има висококвалификувани инженери и архитекти. Лани имала приход од 48,7 милиони евра, што ја позиционирало на 96-тото место. Добивката и била 2,3 милиони евра и имала 19 вработени.

    Веднаш зад Енергогруп по највисоки плати е Друштвото за трговија и снабдување на електрична енергија РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ РЕС ДООЕЛ Скопје кое направило приход од 95,3 милиони евра со што на листата на најприходни се нашло на  42-та позиција. Овде има 16 вработени, просечната нето-плата е 193.061 денар, а ланската добивка е над 355.000 евра.

    Трговијата на големо со производи од тутун, му донело на ПРИМА МК приход од 54 милиони евра позицирајќи го на 86-тото место во државава. Со 84 вработени компанијата направила добивка од скромни 26.500 евра, а давала просечна нето-плата од 191.880 денари.

    Во Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД-Скопје ланската просечна нето-плата изнесувала 133.743 денари. Има 70 вработени и тие создале приход од над 159 милиони евра (21 место по приход) и добивка од над 10,5 милиони евра.

    Во Друштво за информатичка технологија АВЕНГА ДООЕЛ Скопје просечната нето-плата била 125.508 денари. Компанијата се наоѓа на 60-то место по остварен приход кој изнесувал 73,1 милион евра. Добивката и била 45.500 евра. Во компанијата има 809 вработени.

    Извор: Бизнис мрежа

    На листата 100 најголеми по приход, 9 компании дават плата над 100.000 денари.

    Следно од серијалот: Кои се најголемите 100 фирми по добивка

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

    ПАРИ ЕКСКЛУЗИВНО: Кои 100 компании направија најголем приход?

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично