ПОВЕЌЕ

    Со Стефан Николиќ во УО, комплетиран менаџерскиот тим на Алта банка Битола

    Време зa читање: < 1 минутa

    Стефан Николиќ е новиот член на Управниот одбор на Алта банка Битола. Именуван е со мандат од една година. Сега составот на највисокото раководно тело е комплетен, информираа од Банката.

    „Алта банка АД Битола ја информира јавноста дека согласно Одлуката за именување донесена од страна на Надзорниот одбор бр. 02-3275/1/II.21 од 2.3.2026 година и добиената согласност, односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-9252/6 од 8.5.2026 година, г-дин Стефан Николиќ е именуван за член на Управниот одбор на Банката, со мандат од 1 година.

    Со именувањето на г-дин Стефан Николиќ, Управниот одбор на Банката е целосно комплетиран, со што се обезбедува понатамошно ефикасно и континуирано управување со работењето на Банката, во согласност со стратешките цели и регулаторните барања“, наведено е во објавата на Македонска берза.

    Во актуелниот состав на Управниот одбор на Алта банка Битола се претседателката Александра Радевска, Зарије Коралија и Стефан Николиќ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично