
Додека постојано зборуваме за борбата за повисоки плати во државава, една компанија со 19 вработени, минатата година имала месечна просечна нето-плата од 244.474 денари, или околу 4.000 евра. Станува збор за ПРЕТПРИЈАТИЕТО ЗА ИНЖЕНЕРИНГ, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗГРАДБА И УСЛУГИ ЕНЕРГОГРОУП ДОО БЕЛГРАД (САВСКИ ВЕНАЦ), Република Србија – Подружница Скопје.
Компанијата е формирана во април 2024 година, не учествувала на тендери за јавни набавки и нема никаков прилив на државни пари, покажуват податоците од Бизнис мрежа. Шифрата на дејност и е Изградба на станбени и нестанбени згради.
На официјалната страница на компанијата во Србија пишува:
„ЕНЕРГО е составена од своите луѓе… импресивна колекција на талент, креативност, знаење и искуство. Горди сме на нашиот динамичен тим од инженери и архитекти, кои се поврзани преку три европски канцеларии и кои обезбедуваат проактивен и интегративен пристап кон услугите за бројни клиенти во повеќе од 20 земји“.
Според податоците од Бизнис мрежа, скопската подружница минатата година имала приход од 48,7 милиони евра, што ја позиционирало на 96-тото место меѓу 100 најголеми компании по приход во 2025 година. Добивката на компанијата изнесувала речиси 2,3 милиони евра. Секој вработeн, пак, лани генерирал годишен приход од 2,56 милиони евра!
ПАРИ ЕКСКЛУЗИВНО: Кои 100 компании направија најголем приход?
Во 2024 година, просекот на платата во компанијаат бил 4 пати понизок, или прецизно – изнесувал 60.093 денари. Но, фирмата е основана во април 2024 година, па затоа приходите во 2025 година се зголемиле за 81,5% , расходите се зголемиле за 91,23%,а добивкаат се намалила за 6%. Бројот на вработени се зголемил, од 11 на 19.
Раководител на скопскта подружницата е Зоран Симеуновиќ, машински инженер.
Српската компанија истакнува дека клиенти и се мултинационални и приватни компании кои работат во различни сектори, а за нив спроведувала проекти во опсег од 100 до 150.000 м2 со фокус на станбени области (луксузни), изложбени простори, трговски центри, канцеларии, театри и кино сали, хотели и спа центри, пристаништа (јахтинг пристаништа, крстосувачки бродови и воени пристаништа) и индустриски области.
Редакција Пари
Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
„ПАРИ“ ЕКСКЛУЗИВНО: Странски гиганти и домашни трговци прават најмногу пари
Аналитика








