Додека голем дел од традиционалните занаети во Македонија тивко исчезнуваат поради недостиг на млад кадар и системска поддршка, неколку компании покажуваат дека одговорот не лежи во напуштање на занаетот, туку во негова трансформација. Кровопокривачкиот сектор е еден од најдобрите примери за тоа.
Побарувачката за квалитетни лимарски услуги во последните години значително расте, поттикната од инвестициите во домување, реновирања и сè построгите барања за енергетска ефикасност. Сепак, понудата на сертифицирани мајстори со современа опрема останува ограничена. Затоа тука се отвора простор кој компании со јасна визија умеат да го искористат.
Од лимарска работилница до препознатлив бренд
Радовишката компанија Валтмон е практичен пример како традиционалната градежна лимарија може да се развие во структуриран и препознатлив бизнис. Со седиште во источниот дел на државата и со комплетирани проекти ширум Македонија (од Штип и Кочани, до Валандово и Богданци) компанијата го изградила своето име низ две децении работа на терен.
Генерално работат во четири области:
- Монтажа на пластифицирани олуци — вертикални и хоризонтални системи кои се сметаат за основа на секој квалитетен кров;
- Покривање со лим — фалцуван, ќерамида и трапезен лим, со посебен фокус на двојно фалцувани системи;
- Опшивање на кров — ветерлајсни, парапети, ували и опшивни елементи по мерка;
- Лимарска галантерија — изработка на специфични лимарски елементи кои бараат прецизност и искуство.
Зошто двојно фалцуваниот покрив станува стандард
Еден од најинтересните трендови во секторот е растечкиот интерес за двојно фалцувани кровни системи, технологија која во развиените европски земји со децении се смета за премиум опција, а во Македонија дури во последните години добива поголемо внимание.
Според објавите на компанијата, животниот век на двојно фалцуван покрив може да надмине 60 години при правилна изведба, далеку повеќе од конвенционалните решенија. Самата технологија на двојно фалцуван кров се темели на механичко поврзување на лимените панели без употреба на завртки кои го пробиваат материјалот, што практично елиминира едно од најчестите места за протекување.
Ова е и причината зошто архитекти и инвеститори сè повеќе го препорачуваат за модерни домови, индустриски објекти, но и за сакрални градби. Валтмон неодамна го реализира и покривањето на куполата на црквата Св. Атанасиј Велики со бакарен лим, проект кој бара комбинација на занаетчиска вештина и техничка прецизност што денес тешко се наоѓа.
Пластифицираните олуци како долгорочна инвестиција
Кога станува збор за заштита на објектите, олуците често се најпотценуваниот елемент. Тоа е се додека сопствениците не се соочат со прв сериозен проблем од влага. Пластифицираните олуци се паметна инвестиција токму поради нивната отпорност на корозија, флексибилноста во бојата (целата RAL палета) и значително пониските трошоци за одржување во споредба со класичните алтернативи.
„Луѓето денес не бараат само да се заврши работа, туку решение што ќе трае. Квалитетната изработка и вниманието кон деталите стануваат најважниот дел од секој проект”, велат од Валтмон.
Што може да научи занаетчискиот сектор од вакви приказни
Случајот на Валтмон отвора пошироко прашање за бизнис заедницата: како да се направи традиционалниот занает атрактивен за нова генерација работници и клиенти? Одговорот, барем според овој пример, лежи во три елементи: инвестиција во современа опрема, транспарентна презентација на работата (преку портфолио од реализирани проекти), и градење репутација базирана на квалитет, а не на цена.
Во време кога многу сектори се борат со недостиг на квалификуван кадар, ваквите примери покажуваат дека занаетот не е работа од минатото. Со правилен пристап, занаетите како лимарскиот и слични може да бидат едни од најстабилните и најисплатливи професии на иднината.
Повеќе информации за услугите и проектите на Валтмон, може да најдете на нивната веб страна www.valtmon.com.
ПР Објава
Аналитика








