ПОВЕЌЕ

    За семејствата помош од по 150 илјади денари

    Време зa читање: 2 минути

    Семејствата на настраданите и повредените во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе добијат по 150 илјади денари за намирување на најитните тековни трошоци. Помошта не е еднократна, рече портпаролот на Владата, Марија Митеви, на денешната прес-конференција.

    „Бевме информирани од страна на Црвениот крст дека се прави формално правно усогласување и проценка преку која на сите семејствата кои се погодени од ужасната трагедија, за почеток ќе им биде дадена финансиска поддршка во висина од 150.000 денари на секое семејство и средствата ќе им бидат на располагање за покривање на тековни, дневни, најитни трошоци. Се разбира, ова не е само еднократна помош, екипите на Црвениот крст, СОЗР и Владата контактираат со семејствата на секои три часа со цел да се осигураме дека нема нови несакани состојби кои настануваат и се разбира, и во идни фази континуирано, во зависност од сите поединечни потреби, сите средства ќе бидат насочени кон нив“, наведе Митева.

    Исто така, го пренесе апелот од Владата до граѓаните, на социјалните мрежи да не се шпекулира со информации дека на семејствата и пациентите им е потребна финансиска поддршка, затоа што на сите пациенти лекувањето им е обезбедено од државата: „Уште еднаш апелирам и замолувам да бидеме солидарни без шпекулации коишто ќе наштетат на семејствата“.

    Што се ооднесува до транспортот и сместувањето, таа информираше дека, според денешните информации, згрижени се 180 лица од семејствата на повредените кои се хоспитализирани во странство.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично