ПОВЕЌЕ

    Во ООУ „Братство Единство“ во Охрид, Халкбанк донираше ХалкЕко катче

    Време зa читање: 2 минути

    Во дворот на ООУ „Братство Единство“ во Охрид, вчера беше пуштено во употреба новото детско катче, опремено со современи, еко детски реквизити и зеленило, како донација од Халкбанк.

     

    Новото ХалкЕко катче, што ќе придонесе за подобри услови за забава за најмладите ученици, е дел од активностите од платформата ХалкЕко која Халкбанк ја реализира заедно со Мастеркард, а чија цел е заштита и унапредување на животната средина, создавање здрави животни навики кај населението и подигање на свеста за потребата од заштита на природата и грижа за околината.

    Досега, реализирани се неколку ХалкЕко корнери и тоа во градовите Скопје, Гостивар и Охрид.

    Комерцијален текст

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично