ПОВЕЌЕ

    Во второто тимесечје становите во Скопје поскапи за 12,9 проценти

    Време зa читање: 2 минути

    Цените на становите во Скопје се зголемиле за 12,9 проценти на годишно ниво, а во второто тримесечје тој раст е 1,6 насто.

    Информацијата ја објави Народната банка, од каде што појаснуваат дека индексот на цените на становите во Скопје се подготвува врз основа на податоците кои се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите кои се занимаваат со промет со недвижности.

    Гледано од аспект на годишниот раст, придвижувањето било повисоко во првиот квартал – 18,8 насто. Сепак, во тие сто дена поскапувањето било нешто пониско, и изнесувало 1,3 проценти.

    Неодамна, и претседателот на Здружението за градежништво во рамки на Стопанската комора, Андреа Серафимовски, посочи дека и покрај стабилизацијата на цените на градежните материјали, особено на атрактивните локации во Скопје, не може да се очекува пад на цените на становите. Како причина за тоа ги наведе скапата работна рака, комуналиите и побарувачката, која и натаму е висока. Според него, сега во високоградбата нето-платата е 36.500 денари, а комуналните давачки достигнале 180 евра, што влијае на цената на станбениот квадрат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично