ПОВЕЌЕ

    Во три нетрговски преноси подарени 708 акции

    Време зa читање: < 1 минутa

    Мал број нетрговски акции и мал број акции е билансот од минатонеделните активности во овој домен. Подарени, наследени или со променета сопственоста врз основа на друга законски утврдена намена се вкупно 708 хартии од вредност, издадени од две компании и една банка. Со нив се реализирани само три нетрговски трансфери.

    Нетрговскиот пренос е забележан во текот на два работни дена, среда и петок, покажува статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност, чии податоци ги објавува Македонска берза.

    На средината од неделата имало два трансфера. Во првиот низ овој процес минале 108 акции на Македонијатурист АД Скопје. Во вториот се работело за две обични акции на ТТК Банка АД Скопје.

    Единствениот нетрговски трансфер регистриран на крајот од работната седмица е поврзан со акциите Алкалоид АД Скопје. Промена на сопственоста е направена кај 598 обични акции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично