ПОВЕЌЕ

    ВО СОФИЈА УБИЕН КРИПТО-БОГАТАШ, морничавите детали потсетуваат на неколку скорешни убиства во светската крипто-заедница

    Време зa читање: 4 минути

    Кристијан Пеев, крипто-милионер е убиен во стан во Софија од негов пријател, а неговото тело подоцна било најдено распарчено, при што делови биле фрлени во канализација, а делови во шума во близина на градот. Ужасните траги од убиството биле случајно пронајдени од водоводџии кои биле повикани да исчистат блокиран одвод.

    Пеев (41) бил со американско и бугарско државјанство, дипломирал на американски универзитет и го изградил своето богатство преку крипто инвестиции. Истрагата утврдила дека тој бил убиен во периодот од 8 до 9 август и дека убиецот е негов близок пријател Веселин Веско Валчинов, со кого се запознал пред околу шест години. Според истрагата, двајцата се скарале поради нереализиран деловен проект за ископување криптовалути, како и за 2.000 лева што Веско му ги должи на Крис.

    ПРИЈАТЕЛ ГО УБИЛ ПА ГО РАСПАРЧИЛ

    Откако неколку дена не можел да стапи во контакт со Кристијан, неговиот брат го пријавил неговото исчезнување. Биле пронајдени фрлени и неговите два телефона кои биле исклучени во исто време. Вистината најпосле била откриена откако на видео снимките се гледа дека Крис со него влегол во станот на Валчинов, но не излегол.

    Како што се наведува во извештаите  на локалните медиуми, жртвата била убиена со удар на тег во главата, а потоа телото било распарчено во бањата и сокриено во одводот на тоалетот. На Валчинов во грозоморното дело му помогнал и Константин Суботинов, со кого заедно го распарчиле телото. Потоа отишле на шопинг во два големи хипермаркети за да купат вреќи, средства за чистење и лопати со кои ќе ги спакувале остатоците од телото на Кристијан Пеев и ги закопале, а потоа и да ги исчистат крвавите траги. И Суботинов и Валчинов се во притвор.

    За да се ослободи од остатокот од трупот, Веселин повикал помош од Константин, со кој е поранешен колега. Засега, вториот е обвинет за прикривање на злосторот. Тој во судот тврдеше дека кога се качил во станот на Валчинов на улицата „Раковски“ и го видел исечениот леш во бањата, Суботинов излегол на балконот и 40 минути пушел цигари. Потоа се зафатил да му помогне да ги покрие трагите.

    Дел од торбите ги натовариле во автомобилот на Суботинов, а другиот дел го ставиле во такси што го изнајмиле. Кога стигнале до населбата Бојана, до шумската област Витоша, го ослободиле таксито и Константин почнал да копа дупка. Таму ги ставија вреќите и ги закопаа. Тој потоа го маскирал местото за да изгледа како стрништа, слушна судот. Во друга дупка ги закопале препаратите и средствата за чистење и ги покриле со камења. Работите на жртвата биле фрлени во канта за отпадоци во софиската населба Бојана.

    Убиениот Кристијан Пеев имал чисто криминално минато, но неговиот убиец бил осудуван за телесни повреди и оштетување на туѓ имот. Суботинов работел и како шанкер и како доставувач на храна. Судот оцени дека има доволно докази за негово соучесништво во делото бидејќи покажал ментална издржливост помагајќи да ги покрие трагите и да ги пренесе човечките останки.

    КРВАВИ РАЗВРСКИ НА КАРИЕРИТЕ НА КРИПТО-БОГАТАШИ

    Убиството на бугарскиот крипто-богаташ морничаво потсетува на убиството на крипто-инфлуенсерот од Аргентина, кое се случи пред еден месец. Според пишувањата на медиумите, делови од телото на Фернандо Перез Алгаба биле пронајдени во црвен куфер фрлен во Ингениеро Баџ, Буенос Аирес, на 23 јули, откако исчезнал пет дена претходно.

    Алгаба на својот Инстаграм профил го истакнувал екстравагантниот животен стил финансиран од крипто инвестиции. Во куферот што бил откриен имало делови од телото на Алгаба. Аргентинските медиуми објавија дека деловите од телото се чисто ампутирани, што укажува на работа на професионалец. Обдукцијата покажа дека жртвата била застрелана три пати пред да биде распарчена.

    Во ноември 2022 година, смртта на двајца главни извршни директори на криптовалути за една недела поттикна конспиративни тврдења за злобни врски меѓу нивното умирање и онаа на другите милијардери и мултимилионери од индустријата. Се работи за Тиантијан Куландер и Вјачеслав Таран, кои имаа богатство кое се проценува на милијарди долари, а нивните смртни случаи се пријавени само еден месец откако милионерот развивач на криптовалути Николај Мушегијан (29) се удави во Порторико. За двајцата се претпоставува дека биле вмешани во перење пари преку трговија со криптовалути.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично