ПОВЕЌЕ

    Дали еден ден ќе постои систем помеѓу владата и роботите?

    Време зa читање: 3 минути

    Што работиш?

    Одговорот на тоа прашање е многу битно. Тој е адвокат, таа е доктор, тој е професор, таа е програмер.

    Со помош на тој дел од нашиот идентитет, ние заработуваме, даваме вредност во општеството и дел од луѓето се осеќаат добро за работата што ја работат. Реалноста е дека, кога некој би ни понудал шанса да го работиме тоа што го сакаме, и шанса да не мора да работиме до крајот на животот, без да имаме финансиски грижи, мнозинство од луѓето ќе ја изберат втората опција. 

    Постои теорија, или можеби некој ја нарекува, теорија на заговор, дека ботовите и машините ќе ни ја превземат нашата работа. До одреден степен, тоа веќе и се случува. Имено, основачот на Амазон, Џеф Безос ја користи секоја прилика да го аутоматизира секој процес кој може да биде извршуван ефективно од роботи. 

    Се поставува прашањето, дали еден ден ќе постои воспоставен систем помеѓу владата и роботите, каде што роботите ја даваат вредноста во општеството, а луѓето ќе имаат избор дали ќе сакаат да работат или не. Со други зборови, нивниот опстанок нема да зависи од тоа дали имаат финансиски средства или не, бидејки основните потреби ќе бидат обезбедени од страна на ботови. Дали ќе дојде ден кога за некој што е невработен нема може да кажеме дека е невработен исто како што неможе да кажеме дека некој, не-е-филмска-ѕвезда или не-е-атлетичар?

    Ова иднина можеби наликува на комунизам но во суштина не е. Главната разлика е во тоа што, кај комунистичкиот систем, владата ги поседува сите компании. Во капиталистички систем, односно, аутоматизирана економија, секој може да започне и да поседува бизнис и владата ќе си го земе својот дел преку даноците. Во ваков поставен систем, тие што ќе имаат најголема корист од ваква аутоматизирана инфраструктура се бизнисите. Бидејки бизнисите ќе треба да плаќаат данок на државата но нема да треба да плаќаат на ботовите. Поради фактот што најголемите трошоци на секој бизнис се човечките ресурсите, таа промена ќе повлече големи промени. Големите бизниси ќе имаат големи финансиски резерви бидејки ќе станат многу профитабилни, но за да биде економијата фер, ќе мора тие да плаќаат многу поголеми даноци за да можат останатите луѓе да ги задоволат основните потреби. 

    Наместо луѓето да работат 40 часови неделно, би имале ботови кои ќе работат на струја, 168 часа неделно. На нив нема да им се спие, нема да имаат потреба од паузи и ќе прават далеку помалку грешки. Целиот систем би бил финансиран и секоја страна би била задоволна. Владата, бизнисите и останатите луѓе. 

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично