„Многу луѓе не се свесни дека имаат можност да поднесат приговор, да побараат детално образложение или да бараат правна помош кога добиваат известување за извршување. Колку е важна информираноста? Весна Деловска зборува за тоа како граѓаните можат да се заштитат од неправилности во процесот на извршување.“
Одговорите во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“.
„Приметивте на неколку наврати реков дека законите се менуваат. Недоумици, недоразбирања има. Неколку пати повикав, слободно да доаѓаат странките во канцеларија.
Значи, со оваков разговор, да бидеме и транспарентни, многу почитувам подготвени новинари, не би правила лица сега, но ние патиме од незнаење и од паушално изнесување на работите. Нека доаѓаат во канцеларија. Не ги измислуваме ние тие бројки.
Тоа што вчера ви го покажав, тоа го гледаат и странките. Системот покажува, немаме простор за да јас си монтирам, видовте дека работиме со 2 децимали, запирка 34 денари. Значи, нека доаѓаат, секој извршител прифаќа, доколку има расположение. Свесни сме на крајот на денот, истиот воздух го живееме, по истите улици се движиме, во истите маркети пазариме и ние сме нормални луѓе како и сите друи.“
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.