ПОВЕЌЕ

    ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ОД УЈП: Доплата на данокот за личен доход до 30 јуни, може и на рати

    Време зa читање: 2 минути

    До 30 јуни, кога истекува законски предвидениот рок, даночните обврзници треба да ја платат годишната обврска која произлегува од данокот за личен доход за 2022 година, потсетуваат од Управата за јавни приходи.

    Од Управата упатуваат на постапката преку која обврзниците ќе ја регулираат оваа обврска.

    Даночниот долг треба да се плати со налог за плаќање генериран од УЈП, а може да се преземе од нивната веб страница https://e-pdd.ujp.gov.mk.

    Исто така, велат од Управата, исполнувањето на обврската за плаќање на даночниот долг може да се изврши и од страна на трето лице, со задолжително повикување на фолио бројот. А, повеќе информации можат да се добијат на http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/category/1843.

    „Ги поттикнуваме оние даночни обврзници кои имаат потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, да поднесат барање за одложено плаќање http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/172“, се вели во објавата на УЈП.

    Одложеното плаќање овозможува олеснувања од типот – отплата на долгот во месечни рати, или еднократно одлагање на плаќањето. Во тој случај УЈП нема да спроведува присилна наплата за долгот, односно ќе ја прекине таа постапка доколку е започната. Исто така, повратот на одобреното даночно побарување за ДДВ нема да биде условен со уплатата на недоспеаните месечни рати.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично