Охридска банка АД Скопје доби Решение издадено од страна на Комисијата за хартии на вредност (КХВ), со кое КХВ ја утврдува за успешна понудата за преземање на акции издадени од Охридска банка АД Скопје дадена од страна на Штајермеркише Банк унд Шпаркасен АГ Грац, Австрија ( Steiermärkische Bank und Sparkassen AG).