ПОВЕЌЕ

    Украден адресар

    Време зa читање: 3 минути

    „Ако го украдете адресарот на Стивен Спилберг, дали тоа ќе ви помогне да направите филм?”, во еден свој текст прашува Сет Годин (автор на повеќе книги и мотивациски говорник). Тој вели, без оглед каков тип на информации поседувате или контакти и документи, сепак, без доверба и поврзаност со луѓето, сите тие информации ви се безначајни.

    Посебно денес, кога сите информации се достапни и може да најдете контакт од секого, дали тоа значи дека сега ни е многу полесно да се поврземе со нашите клиенти, купувачи и соработници?! Напротив, денес дури е и потешко. Сега постојат безброј начини и методи како да се заштитат купувачите од непосакувани натрапници. Можеби го имате контактот од некој директор кој сакате уште одамна да га сретнете, но што ако му се јавите ако немате претходно отворена врата кај него или некоја вредност што ќе го заинтересира вистински.

    Многу често, кога ќе промениме некоја работна позиција, земаме со нас сè што е наше и не е наше, како нешто што можеби ќе ни помогне за следните работни позиции. Секако дека многу од тие материјали може да ви помогнат, но повеќето ќе ви се безначајни. Особено, ако вие не сте учествувале во креирање на тие материјали. Ниту ќе знаете како да ги употребите, ниту ќе можете да извлечете максимум од тие информации.

    Затоа, понекогаш на некои луѓе, кои имаат многу контакти и познаници, им е многу полесно да стигнат до саканата цел отколку некој што е уште на почеток и ја гради својата база на контакти. Ние понекогаш им завидуваме или се воодушевуваме на некој кога ќе заврши брзо работа поради тоа што имал познат во некоја фирма или позиција. Но, ние не размислуваме дека за тој/таа да го направат тоа, требале многу време да поминат и да потрошат со таа личност. Имале многубројни ситуации каде што заемно го граделе односот и јакнеле меѓусебната доверба.

    Затоа, наместо да се фокусирате како да „украдете” некои информации, повеќе фокусирајте се како да ги изградите и да ги развите односите со вашите постоечки или нови контакти:

    • Бидете луѓе од доверба
    • Помагајте (не очекувајте возврат или ќар во секоја ситуација)
    • Одете на повеќе настани за вмрежување
    • Дружете се повеќе со непознати на тие настани
    • Бидете луѓе од вредност – секогаш размислувајте како вашиот производ/услуга ќе биде од вредност за корисникот
    • Бидете човек од збор (најдобра алатка луѓето да гледаат вредност во вас)
    • Не зборувајте лошо за другите (конкуренција, колеги, соработници)
    • Континуитет – најважно е да се знае дека за да се оствари поголема доверба и поврзаност со луѓето, сето ова треба да се прави долгорочно. И, да си го знаете правилото, „треба да се направат 10 позитивни работи за да се добие довербата од некого, а само една лоша и да се изгуби истата”.

    „Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат на www.pari.com.mk во соработка со www.tipoftheweek.co обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој:

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично