ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка започнува со предвремена исплата на пензиите

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка АД Скопје ги известува своите ценети корисници дека почнувајќи од 28-ми септември 2020 година ќе врши исплата на пензијата за месец септември на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје и тоа на следниот начин:

    • од 28.9.2020 година (понеделник) на корисниците на Visa дебитните картички кои ќе можат да располагаат со средствата, безготовински – преку мрежата на банкомати или за плаќања во трговската мрежа.

    За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, заради заштита на нивното здравје и превенција од ширењето на коронавирусот, исплатата ќе се реализира во сите отворени филијали и експозитури во 4 групи според висината на пензијата и тоа:

    • до 11.000 денари на 28.9.2020 г. (понеделник)
    • од 11.001 до 14.000 денари на 29.9.2020 г. (вторник)
    • од 14.001 до 18.000 денари на 30.9.2020 г. (среда)
    • над 18.000 денари на 1.10.2020 г.  (четврток)

    Од банката апелираат средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа преку електронско банкарство TTK E-bank или мобилно банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.

    Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, од ТТК Банка АД Скопје потсетуваат дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

    Пензионерите коишто не поседуваат дебитна картичка можат да ја искористат посетата за да поднесат барање за изработка на дебитна картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, нивните средства ќе им бидат достапни во секое време за плаќање во трговската мрежа, како и можноста за подигнување на средствата од банкомат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично