ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка известува за предвремена исплата на пензиите

    Време зa читање: 2 минути

    Почнувајќи од 28-ми декември 2020 година ТТК Банка АД Скопје ќе врши исплата на пензијата за месец декември на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје и тоа на следниот начин:

    • од 28.12.2020 г. (понеделник) на корисниците на Visa дебитните картички кои ќе можат да располагаат со средствата, безготовински – преку мрежата на банкомати или за плаќања во трговската мрежа.

    За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, заради заштита на нивното здравје и превенција од ширењето на коронавирусот, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури во четири групи според висината на пензијата и тоа:

    • до 11.000 денари на 28.12.2020 г. (понеделник)
    • од 11.001 до 14.000 денари на 29.12.2020 г. (вторник)
    • од 14.001 до 18.000 денари на 30.12.2020 г. (среда)
    • над 18.000 денари на 31.12.2020 г.  (четврток)

    Апелираме средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа, преку електронско банкарство TTK E-bank или мобилно банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.

    Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, потсетуваме дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично