ПОВЕЌЕ

    “Триглав осигурување Живот се приклучи кон иницијативата на Агенцијата за супервизија во осигурувањето-стипендија за дванаесеете најдобри студенти од Економскиот Факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј во Скопје”

    Време зa читање: 2 минути

     Успешно е реализирана иницијативата на Агенцијата за супервизија во осигурувањето за стипендирање на најдобрите дванаесет студенти од четврта година на Економскиот Факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, од страна на осигурителните компании.

    Со огромно задоволство во оваа иницијатива зеде учество и Триглав осигурување Живот и овозможи да се помогне во градењето на знаење и создавање на нови млади експерти.

    Стипендистот на Триглав осигурување Живот,  Александар Николовски е студент од четврта година на студиите со висок просек и актуелен Претседател на Студентското факултетско собрание на Економскиот Факултет што е јасен показател за неговиот интерес кон областа која ја одбрал како негова понатамошна професија. Триглав осигурување Живот е општоодговорна компанија која дава безрезевна поддршка на вакви проекти и се надеваме дека во иднина ќе имаме можност овие студенти да ги надградиме и со практична работа во нашето осигурително друштво и со нив да ги споделиме реалните работни процеси кои ќе им помогнат во градењето на идната работна кариера што ќе ги направи конкуретни на пазарот на трудот  – изјавија од Триглав осигурување Живот АД Скопје.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично