ПОВЕЌЕ

    Тренчевска: Се работи на пензиите, конкретни предлози до крајот на месецов

    Време зa читање: 2 минути

    Конкретни предлози за подобрување на стандардот на пензионерите со ниски примања, како и за пензиите треба да произлезат до крајот на месецов. Ова се очекувањата на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, која информираше дека работната група е во постојана комуникација. Нов состанок е закажан за утре.

    „Работната група функционира во континуитет, се состануваат одржуваат средби на кои се разговара за првичните мерки кои како Влада треба да ги обезбедиме за пензионерите, со посебен фокус на пензионерите со пониски пензии“, вели министерката.

    Претставниците на институциите ги разгледуваат реалните состојби во државата, споделуваат податоци, и оттука прво треба да се пристапи кон креирање социјални мерки за пензионерите со ниски пензии.

    „Очекувам до крајот на месецот да имаме конкретни предлози, кои ќе бидат претставени и пред медумите и пред пензионерите“, рече Тренчевска.

    Одлуката за формирање на работната група беше донесена во август, под притисок на зачестените пензионерски протести. Барањата од кои, велат, нема отстапување се линеарно зголемување од 3.500 денари за сите пензии, утврдување на минималната пензија во износ на 80 отсто од минималната плата, беплатно здравство и лекови…

    Работната група е составена од претставници на МТСП, од Владата и Сојузот на пензионери и од  Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, а формирана е со цел да предложи одржливи решенија. Притоа, постојано нагласува министерката, многу е важно да се води сметка за стабилноста на пензискиот систем и пензиите да продолжат да се исплаќаат навремено и редовно.

    По речиси секојдневните манифестации на незадоволството низ градовите во земјава, кои ги има речиси целото лето, за среда е закажан голем пензионерски протест во Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично