SEE TOP 100 banks ја објави листата со најголемите банки во Југоисточна Европа. На листата 100 најголеми банки во регионот се наоѓаат пет банки од Македонија, од вкупно 13 колку ги има на пазарот.
Највисоко позиционирана од нив е Комерцијална банка АД Скопје. Од 100-те најголеми банки во регионот таа е на високата 42 позиција во 2021 и бележи скок за едно место во однос на 2020 година. Комерцијална банка има актива од 2.412 милиони евра, а лани успеала да ја зголеми за 12.03%. Нето добивката на банката во 2021-ва изнесувала 37,4 милиони евра.
Осум места подолу, сепак се уште доста високо на 50 позиција се наоѓа Стопанска банка АД Скопје. И Стопанска банка минатата година успеала да оствари скок од едно место погоре. Банката располага со вкупна актива од 1.853 милиони евра. Активата на Стопанска банка лани се зголемила за 7.64 проценти, а банката остварила одлична добивка во износ од 40 милиони евра.
На 53-та позиција е НЛБ Банка АД Скопје со вкупна актива од 1.749 милиони евра. НЛБ Банка забелажала раст на активата од 11.56% со што исто како и претходните две банки се рангирала подобро едно место во однос на 2020 кога била на 54 позиција. Нето добивката на оваа банка во 2021 изнесува 36 милиони евра.
Со актива која изнесува 1.187 милиони евра, Шпракасе банка АД Скопје е следната банка која влегла во најголемите во регионот. Нејзе и припаѓа 72-то место и за прв пат влегува во оваа листа што се должи на спојувањето со Охридска банка со што влезе во големи банки. Добивката на оваа банка лани била 10,4 милиони евра.
Само едно место подолу односно на 73 позиција е рангирана и последната банка од Македонија, Халк Банка АД Скопје. Вкупната актива во 2021 година била 1.181 милиони евра. Иако остарила раст на активата од 8,69% сепак паднала две позиции подолу во однос на 2020-тата кога била на 71 место по големина во регионот. Нето добивката на Халк банка лани била 10,6 милиони евра.
НАЈГОЛЕМИ ТРИ БАНКИ ВО РЕГИОНОТ
На самиот врв на листата се наоѓаат две банки од Романија и една од Хрватска. Број 1 најголема банка во регионот според актива е романската Банка Трансилванија СА, има актива од 25 милијарди и 415 милиони евра. Нејзината добивка лани била 362 милиони евра. Втора е Банка Комерцијала Романија СА, активата и изнесува 18.105 милиони евра. Третото место и припаѓа на хрватската Загребачка банка со актива вредна 17.603 милиони евра. Колку македонски банки се најдоа на листата?
SEE TOP 100 banks е рангирање на најголемите банки во Југоисточна Европа во однос на вкупните средства од неконсолидираните биланси на 31 декември 2021 година.
За да се овозможи споредба, сите локални валути се конвертирани во евра, користејќи ги официјалните девизни курсеви на централните банки на последниот работен ден од 2021 и 2020 година, соодветно. При пресметување на промените од година во година се користени бројки за локална валута.
Сите податоци се добиени од централни банки, национални комерцијални регистри, комисии за финансиска супервизија, здруженија на банки, владини и корпоративни веб-страници и самите компании.
Почетниот фонд на компании надминува 260 банки регистрирани во регионот вклучувајќи филијали и претставништва на странски банки.
Бројките за бруто премија и нето добивка/загуба се во милиони евра.
Во продолжение табелата на SEE TOP 100 banks :
Редакција Пари
Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.