ПОВЕЌЕ

    ТОП 10 НАЈСИЛНИ ЕКОНОМИИ ВО СВЕТОТ ВО 2025: Америка убедливо прва, Кина забрзано ѝ се приближува

    Време зa читање: 2 минути

    Според најновите податоци од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) даваат интригантен увид во глобалната економска сцена, ова се земјите што ќе доминираат во светската економија во 2025 година. Мерено според прилагодениот реален БДП (во цени од 2025 година), Соединетите Американски Држави остануваат цврсто на врвот со импресивни 30,3 трилиони долари. Сепак, Кина не е далеку зад нив, заземајќи го второто место со 19,5 трилиони долари и бележејќи најголем раст од дури 74% во последните десет години.

    Европа, исто така, има значајно присуство меѓу првите пет, со Германија на третото место (4,9 трилиони долари) и Јапонија на четвртото место (4,4 трилиони долари). Индија ги заокружува првите пет со 4,3 трилиони долари, покажувајќи силен раст од 77% во текот на изминатата деценија, втор највисок раст меѓу водечките економии.

    Обединетото Кралство (3,7 трилиони долари), Франција (3,3 трилиони долари), Италија (2,5 трилиони долари), Канада (2,3 трилиони долари) и Бразил (2,3 трилиони долари) се исто така меѓу првите десет.

    Што има ново кај рангирањата во однос на минатата година? Германија ја престигна Јапонија за третото место, Индија се искачи пред Велика Британија, Бразил брзо се искачува и се најде на Топ 10 листата најсилни економии.

    Интересно е да се напомене дека Русија е на 11-то место со 2,2 трилиони долари, и покрај геополитичките предизвици со кои се соочи изминативе години.

    Рангирање на држави според БДП (изразен во долари):

    1. Соединети Американски Држави (САД) 30,507 трилиони долари
    2. Кина 19,231 трилиони долари
    3. Германија 4,744 трилиони долари
    4. Индија 4,187 трилиони долари
    5. Јапонија 4,186 трилиони долари
    6. Обединето Кралство (Велика Британија) 3,839 трилиони долари
    7. Франција 3,211 трилиони долари
    8. Италија 2,422 трилиони долари
    9. Канада 2,225 трилиони долари
    10. Бразил 2,125 трилиони долари

    (Фото: Индиан Експрес)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично