ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка АД Скопје од утре ќе започне со предвремена исплата на ноемвриските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Ве известуваме дека пензиите за месец ноември од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.

    Со пензиите за месец ноември, клиентите корисници на дебитни картички ќе можат да располагаат од 26.11.2020 (четврток), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

    Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

    1. До 11.000 денари на 26.11.2020 (четврток)
    2. 11.001-14.000 денари на 27.11.2020 (петок)
    3. 14.001-18.000 денари на 30.11.2020 (понеделник)
    4. Над 18.001 денари на 01.12.2020 (вторник)

    Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите пред филијалите. Потсетуваме на можноста, клиентите при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.

    Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

    Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти и задолжително е носење на маска/марама и сл., додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 2м.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично