ПОВЕЌЕ

    Штериева во „Каде се парите?“: Мал е процентот на успешност и банките немаат интерес за стартап бизнисите

    Време зa читање: 2 минути

    Лицата со стартап бизниси кај банките се обраќаат дури во четвртатат фаза од развојот, кога веќе се во експанзија, тврди Маја Стевкова Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација, во поткасотот „Каде се парите?“. Тоа го поткрепи со табела од факултетски учебник, а и самата е професор по финансии на претприемништвото.

    Тешко е да се дискутира на оваа тема. Табелата покажува – кај комерцијалните банки стартапите доаѓаат во четвртата фаза. Значи поминуваат фаза на развој, на ран раст, па доаѓаат дури кога се во експанзија. Почетокот го финансираат тие лично со свои пари… Во банките доаѓаат кога се во некоја фаза кога веќе се гледа што ќе биде“, наведе Штериева.

    Во светски рамки успешноста на овие бизниси не е на високо  ниво.

    Во светски рамки стапката на успешност на стартапите е релативно ниска, со исклучок на неколку земји. На пример, Америка им а само 20 проценти успешност на годишно ниво. Тоа во кредитирање значи, ако одобриме 10 милиони евра, само два ќе се вратат. Најдобра земја со стартапите е Швајцарија со 35 проценти. Мал процет, и тоа од биотехнолошкиот сектор. Многу е битно кај стартапите од кој тип се, дали се иновативни или репликативни. Кај репликативните сите фактори кои влијаат на успешноста се многу поригорозни, потешки и полесно го уништуваат стартапот. Кај иновативните, тоа треба да биде вистинска иновација. Затоа и ја споменав Швајцарија“, нагласува Штериева.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично