ПОВЕЌЕ

    Штериева: Банките не се „галени“ од владите. Профитите овозможуваат стабилен банкарски сектор, а со тоа и повеќе кредити

    Време зa читање: < 1 минутa

    Каматите на кредитите кои имаат девизна клаузула или се во евра нагло се зголемија. Што треба да следат граѓаните кои имаат вакви кредити за да знаат дали и кога ќе им се намалат ратите за плаќање?

    Дали профитите на банките се реални или големи? Дали цените на становите се реални или се надувани? Дали се кредитираат стартапи? Дали владите го „галат“ банкарскиот сектор бидејќи тој ги купува државните обврзници?

    Одговорите на овие прашања гледајте ги во шестата епизода од втората сезона на поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, каде гостува претседателката на Македонската банкарска асоцијација д-р Маја Стевкова Штериева.

    Освен оваа функција, Штериева е долгогодишна директорка во најголемата банка во државава, но и универзитетска професорка и го предава предметот банкарство.

    Затоа, вистинските одговори за банкарскиот сектор, во оваа епизода премиерно денес, четврток 21.03.2024год. во 12 часот на нашиот YouTube канал @parimedium

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично