ПОВЕЌЕ

    ШПАРКАСЕ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО КЛИЕНТИТЕ: Регистрирани се „phishing“ напади, ако видите ваква порака- не отворајте ја!

    Време зa читање: < 1 минутa

    Компании и граѓани клиенти на Шпаркасе банка добиле електронски пораки од  [email protected], со наведена контакт адреса [email protected]. Предметот, пак, на пораката е „Известување за извршена дознака во странство – SWIFT“. Притоа, нема потпис со дигитален сертификат и содржи прикачен фајл со екстензија .PDF..zip

    Од банката известуваат дека се работи за „phishing“ напади од страна на непознато лице, кое го фалсификува идентитетот на Шпаркасе, па користејќи го логото се обидува да извлече податоци преку праќање мејлови.

    Шпаркасе банка АД Скопје апелира до клиентите да не ги отвораат ваквите пораки, како би се заштитиле од евентуална злоупотреба на податоците. Доколку во меѓувреме мејлот е отворен, од банката советуваат да се побара помош од ИТ професионалец.

    Воедно, појаснуваат дека нотификациите испратени од преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат издаден од КИБС. Дополнително, регуларните пораки за извршени дознаки во странство имаат прикачен фајл со наставка .pdf, не .pdf..zip.

    Информативниот систем на банката е сигурен, а се преземаат неопходните активности за справување со нападот.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично