Вработените и дигитализацијата се движечки сили, клиентите се приоритет, одржливоста останува примарна цел, а младите се иднината – сето тоа е во фокусот на Шпаркасе банка, зацртано со Стратегијата за раст од 2025 до 2029 година. За насоките и за деловните активности во тој период се разговарало викендов.
Перспективите на Банката во наредните пет години, со акцент на најзначајните стратешки определби, биле презентирани од членовите на Управниот одбор – Санел Кустурица, Нина Неданоска, Златица Цивкароски и Александар Џорџевиќ. Исто така, претставени биле и ланските достигнувања. Според резултатите, 2024 е оценета како историски најуспешна година за Шпаркасе банка. А, за постигнувањата и идните цели на Шпаркасе лизинг говорел извршниот директор Марјан Манчев.
„Градиме банка што расте со луѓето. Со идеи. Со визија. Веруваме во луѓе со големи идеи, кои се подготвени да ги донесат најдобрите решенија и да ја водат Шпаркасе банка во новата ера на раст и иновации“, истакнуваат од Шпаркасе банка.