ПОВЕЌЕ

    Неколку совети за вработување од милионерот Рамит Сети

    Време зa читање: 2 минути

    Пандемијата предизвикана од корона вирус го намали бројот на работни места на глобалниот пазар. САД моментално се соочуваа со хронични стапки на невработеност, при што слични приказни се појавуваат низ целиот свет.

    Американскиот автор за лични финансии и блогер, милионерот Рамит Сети вели дека потребно е да направите темелно истражување таму каде што сакате да работите, бидејќи испраќање на вашите биографии на повеќе места без поголем интерес за истите е како да го испраќате вашето портфолио во „црна дупка“.

    Прилагодувајте ја вашата биографија на бараната позиција, истражувајте за луѓето кои работат во компанијата. Обидетете се максимално да бидете подготвени за прашањата за интервјуто со топ менаџментот на компанијата, дознајте нешто повеќе и за нив. Пред да седнете на интервјуто, 80% од вашата истражувачка работа треба да биде завршена“, вели Сети.

    Бидете подготвени да преговарате, кога одите на интервју, главниот фокус треба да биде насочен кон прикажување на вашите вистински квалитети.

    Бидете одлучни во преговорите. Истражете ја моменталната пазарна вредност на вашата професија. Разгледајте ги сите опции кои Ви се понудени, како: можност за работа од дома поради пандемијата, флексибилно работно време и сл. Размислувајте  долгорочно и бидете подготвени да креирате стратегија со  која се согласувате вашата плата да оди во нагорна линија по одредена временска рамка, откако ќе се исполнат одредени цели“, вели Сети.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично