Соња Петрушева нов член на Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија

Време зa читање: < 1 минутa
Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје со известување преку Македонска Берза испрати известување за промена во организте на управување и раководење.

На седницата на Владата одржана на 24.7.2019 година е донесено Решение бр.24-5926/1 согласно кое за член на Надзорен одбор на Рзвојната банка е именувана Соња Петрушева.

Горенаведеното решение влегува во сила со денот на добивање на согласност од страна на гувернерот на Народната банка.

Согласно Решението бр. 15-25768/6 од 12.9.2019 година донесено од страна на гувернерот на Народната банка издадена е претходна согласност Соња Петушева да биде именувана за член на Надзорниот одбор на Развојната банка за период од 4 години сметано од денот на приемот на Решението.

Со оваа измена Надзорниот одбор на Развојната банка во моментов се состои од: Софче Јовановска, претседател, Никола Поповски член, Вељанд Рамадани член, Соња Петрушева, член и Бурим Кадриу член.

14,794Следи нè на facebookЛајк

слично