
Шпаркасе Банка ја претставува новата понуда за потрошувачки кредит, со која секоја лична желба, план или потреба може да добие финансиска поддршка. „Потрошувачки кредит за тебе“ е креиран за твоите конкретни планови – без разлика дали сакаш да го уредиш домот, да купиш нова технологија, да отпатуваш, да ги покриеш трошоците за семејна прослава, да инвестираш во нешто важно за себе или едноставно да реализираш нешто што подолго време го одложуваш.
Со новата понуда, Шпаркасе Банка овозможува потрошувачки кредит по твоја мера:
– фиксна каматна стапка од 4,5 %
– до 2,4 милиони денари
– рок на отплата до 95 месеци
Дополнителна флексибилност носи моделот „Рати по твој избор“, кој ти овозможува да ја приспособиш висината на месечната рата во периодот со фиксна каматна стапка – да плаќаш повисока или пониска рата во зависност од твоите планови и финансиски можности.

Што и да е твојот план, направи го следниот чекор со кредит креиран за тебе.
Повеќе информации за условите се достапни во експозитурите на Шпаркасе Банка, на веб-страницата на Банката или на 02 15 050.
Аналитика








