ПОВЕЌЕ

    АНАЛИЗА: Во кои банки новооснованите компании најчесто отвораат сметки?

    Време зa читање: 4 минути

    Четири банки во земјава се водечки според бројот на отворени трансакциски сметки што доаѓаат од новоснованите компании во приватниот и државниот сектори а кој се однесува за првиот квартал од годинава. „Таргет Груп“ објавува како банките го делат „колачот“ од трансакциски сметки на новооснованите компании од различни сектори и дејности –  финансии, образование, земјоделство, угостителство, трговија, здравство, администрација, односно кој сектор кој банка ја преферирал во првиот квартал од годинава.

    НЛБ Банка и годинава е водечка според бројот на отворени трансакциски сметки од новоснованите компании. Конкретно во првиот квартал од годинава таму се отворени 24,83% од трансакциските сметки на новосонованите компании во сите дејности во земјава. Во текот на целата 2019 година во оваа банка биле отворени 23,01% од вкупниот број на трансакциски сметки на новооснованите компании.

    На втора позиција е Халкбанк, каде во првиот квартал годинава имало 19,42% од вкупниот број на отворени трансакциски сметки од новоснованите компании во овој период. Сумирано во 2019 година, во оваа банка која се посилно пенетрира на пазарот, отпаѓаат 8,51% од вкупниот број на трансакциски сметки на новоснованите компании во земјава во текот на минатата година. Односно, оваа банка забележува најбрз развој по однос на тоа каде новите компаниите одлучуваат да отворат сметки.

    Следува Комерцијална Банка, каде се сконцентрирани 17,08 % од трансакциските сметки на приватните  фирми и на дејностите под државна капа, кои се основани во првите три месеци од годинава. Во оваа банка лани, биле активни 16,18% од сметките што доаѓаат од различни дејности од компаниите што биле отворени во текот на минатата година.

    На четврто место е Стопанска Банка АД Скопје каде во првиот квартал годинава имало 14,18 % од вкупниот број на трансакциски сметки регрутирани од новооснованите компании од приватниот и државниот сектор. Лани, оваа банка менаџирала 14,48% од вкупниот број на трансакциски сметки, кои биле новоосновани.

    По оваа водечка „четворка“ банки, другите го делат преостанатиот „колач“ од трансакциските сметки на новооснованите компании во првиот квартал од годинава и тие поединечно земаат по помалку од 7% од него. Меѓудругите, тука спаѓаат: Универзална Инвестициона Банка АД Скопје во која се концентрирани 6,26% од сметките на новооснованите компании, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје со 4,38%, ТТК Банка АД Скопје со 4,04%, Охридска Банка АД Скопје со 3,07% а останатите помали банки располагаат со помалку од 2 % од трансакциските сметки на новооснованите државни и приватни фирми во првиот квартал од годинава.

    Новооснованите ДОО во првиот квартал од годинава најчесто ја избираат НЛБ Банка, Трговските претпријатија ја одбираат Халкбанк

    Ако се анализира според видот на фирмата, во првиот квартал од годинава новооснованите ДОО дури 31,1% од сметките ги отвориле во НЛБ Банка, потоа во Халкбанк се отворени 22,8% во Комерцијална банка се отворни 14,5 %во Стопанска банка Скопје 9,5% а во Шпаркасе банка 6,2%, додека во уште неколку банки има по помалку од пет отсто.

    Во првиот квартал од годинава новооснованите компании кои се водат како ДООЕЛ 22,3% од сметките ги отвориле во НЛБ Банка, додека 20,9% во Халкбанк, потоа 16,3% во Комерцијална банка, а 14,9% во Стопанска банка.

    Новооснованите трговски претпријатија најмогу сметки во првиот квартал од годинава отвориле во Халкбанк односно 22,6% потоа во НЛБ Банка 21,7%, следува Стопанска банка Скопје со 16,9% , Комерцијална банка со 14,1%, а во ТТК Банка со 10,3%, останатите се распределни во уште неколку банки.

    Подружниците кои се основале во текот на првиот квартал од годинава најмногу сметки отворале во Универзална инвестициона банка и во Комерцијална банка, додека оние кои влегуваат во групата „друго“ најголем дел од сметките ги имаат повторно во НЛБ Банка со удел од 30%, потоа Комерцијлана банка со 22,7% , Стопанска банка со 14,5%, следува Халкбанк со 10,5%

    Анализа на податоците: Таргет Груп

    Изработил А.Д

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично