ПОВЕЌЕ

    Словенечка ИНЕА разгледува инвестиција од најмалку 15 милиони евра во ТИРЗ

    Време зa читање: 2 минути

    Словенечката инженерска и технолошка компанија ИНЕА разгледува можност за инвестиција во некоја од технолошко-индустриските развојни зони во земјава, вредна најмалку 15 милиони евра, со која би се отвориле најмалку 100 нови работни места.

    Можностите за реализација на инвестицијата биле тема на средбата меѓу директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, и претставници на компанијата со седиште во Љубљана.

    На средбата биле разгледани условите што ги нудат ТИР зоните, како и тековните активности и плановите на ИНЕА поврзани со потенцијалната инвестиција.

    Димовски ги претставил поволностите што им се достапни на странските инвеститори, вклучувајќи ја локацијата на земјата, инфраструктурата, расположливата работна сила и мерките за државна поддршка на инвестициите.

    Тој посочил дека Дирекцијата за ТИРЗ обезбедува институционална поддршка во текот на целиот инвестициски процес – од првичните разговори до реализацијата и понатамошниот развој на инвестицијата.

    Генералниот директор на ИНЕА, Алесандро Лупис, изразил очекување дека комуникацијата ќе продолжи и дека дополнително ќе се разгледуваат можностите за инвестирање во рамки на ТИР зоните.

    На средбата биле претставени и тековните проекти и активности на компанијата, како и нејзиното искуство во развојот и имплементацијата на инженерски решенија за индустрискиот сектор.

    ИНЕА е специјализирана за индустриска автоматизација, дигитализација на производствените процеси, роботика и енергетски менаџмент. Според информациите од соопштението, компанијата има повеќе од 35 години искуство и над 3.000 реализирани проекти во повеќе од 30 земји.

    Компанијата соработува со глобални технолошки компании, меѓу кои AVEVA, Siemens, Rockwell Automation и Dassault Systèmes.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично